Јавното осветлување е од големо значење за граѓаните во нашата Општина. Недостатокот на осветлување ги прави јавните простори небезбедни за граѓаните, поради ова често граѓаните се обраќаат кај нас преку дежурниот телефонски број.
Општина Чаир, освен реновирање на системот за јавно осветлување и замена на оштетени светилки, како и одржување и промена на режимот на работа на неколку улици, ги исполнува и барањата на граѓаните за нова инсталација на јавното осветлување во некои делови од Чаир и тоа: на улица „Максут Садик“, паркингот кај улица „Џон Кенеди“ и некои делови од улицата „Серава“.
Новата инсталација на јавното осветлување ќе вклучува и други делови од општината во иднина, но одлуката ќе се донесе во координација со граѓаните и нивните барања, како и состојбата на терен.