Почитувај ги твоите соседи, не ја узурпирајте зелената површина која е заедничка и живеј со нив во хармонија во убава и чиста средина.
Како што ветивме кога ја започнавме акцијата против узурпацијата на зелените површини дека процесот ќе биде сеопфатен од територијален аспект, почнувајќи од оваа недела екипите на општинскиот инпекторат започнаа со отстранување на приватните огради во населбата Стар Чаир, односно на ул. “Крсте Асенов“ и ул. “Христијан Тодоровски Карпош“.