Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денеска во Феризај заедно со градоначалникот на Општината, Агим Алиу, министерот за локална самоуправа на Косово, Елберт Красниќи и претставници на Европската Унија, ги одбележаа првите плодови од неколкумесечната соработка на општинските тимови и со континуирана европска помош за поставување на соларни панели во 8 образовни објекти од двете страни на границата.
”Додека во општина Феризај беше промовирано завршувањето на поставувањето на фотоволтаични панели, работите продолжуваат и во нашите институции „Хасан Приштина“, „Имри Елези“, „Лирија“ , градинката „Снежана“ во рамките на Програмата за прекугранична соработка меѓу Косово и Северна Македонија – ИПА фондови на Европската Унија – CBC EkoKid”, изјави Ганиу.
Фотоволтаичните панели во општина Чаир за една година ќе произведуваат 104.780 киловати електрична енергија.
“Оваа прекугранична соработка што денеска ја демонстриравме на дело помеѓу општина Чаир и општина Феризај, меѓу нашите тимови, меѓу нашите сограѓани и секогаш со силната помош на Европската Унија, ќе се обидеме да ја зачуваме и негуваме колку што е можно”, изјави Ганиу.