Oдделението за превенција при СВР – Скопје од почетокот на оваа учебна година 2018/2019 започна со активности/реализација на проектот „Безбедност во училиштата“. За успешна реализација на овој проект беа формирани клубови за превенција во петнаесет основни училишта во општините на територија на град Скопје.
Дел од овие активности на СВР Скопје во соработка со полициска станица од општа надлежност – Бит Пазар и Општина Чаир беше и ООУ „Хасан Приштина“. Во истиот беа вклучени 25 ученици од 7 и 8 одделение со различно поведение, различен успех, како и од различен мултиетнички состав.
Активностите кои СВР – Скопје со поддршка од Општина Чаир ги спроведе, имаат за цел превенција од насилство, наркотични средства, говор на омраза на социјалните мрежи, како и спречување на други девијантни појави кај младите.
Општина Чаир и во иднина ќе продолжи да дава поддршка во реализација на проекти и настани кои ќе имаат за цел да придонесат за општо добро за сите граѓани.