Почитувани граѓани, со задоволство ве известуваме дека на денешната седница на Советот на Град Скопје зелено светло доби изградбата на булеварот „Цветан Димов“ во општина Чаир.
Им благодариме на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како и на сите советници на Град Скопје, без разлика на која политичка партија припаѓаат, кои гласаа за овој значаен Мега-проект не само за жителите на Чаир, туку за сите Скопјани.