Општина Чаир ги финализира работите на улица бр. 9 на булевар „Мид’хат Фрашери“

Општина Чаир го заврши реконструирањето на улица бр. 9 на булеварот „Мид’хат Фрашери“, при што е поставен и завршниот слој на асфалт. Овој инфраструктурен зафат е дел од шестте проекти што истовремено се реализираат во овој дел на општината, со цел подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот за жителите. Паралелно со ова, работите продолжуваат […]

Read more

Заврши асфалтирањето на улицата „ЛПК“ во населбата Серава

Во населбата Серава е финализиран проектот за асфалтирање на улицата „ЛПК“, кој опфати уредување на шахтите и интервенција на делови од атмосферската мрежа каде што тоа беше неопходно. Улицата е целосно уредена, безбедна и подготвена за употреба од граѓаните. За време на увидот на терен, жителите изразија задоволство од динамиката и квалитетот на изведените работи, […]

Read more

Започна опремувањето на училишта со нов инвентар

Општина Чаир денес реализира значаен чекор кон подобрување на условите во општинските основни училишта. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари работна посета во Основното училиште „Лирија“, каде што беше пречекан од директорката на училиштето, г-ѓа Теута Идризи, по повод пристигнувањето на новиот инвентар. Основното училиште „Лирија“ беше опремено со 200 модерни клупи и 400 […]

Read more

Чаир го зајакнува партнерството со Унијата на Албанските Општини

Општина Чаир продолжува да биде пример за активна меѓуопштинска соработка. На средбата одржана помеѓу градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, и извршната директорка на Унијата на Албанските Општини во Регионот, г-ѓа Андриола Комбо, беа дискутирани идеи и проекти кои ги поврзуваат албанските општини преку уметноста, културното наследство и дигитализацијата. Оваа плодна соработка го зајакнува мрежното […]

Read more

Се одржа првата конститутивна седница на Советот на Општина Чаир

Во Општина Чаир се одржа првата конститутивна седница на Советот, со што официјално започна мандатот на новиот локален состав. На оваа седница, Мухамет Муртези, носител на листата на ВЛЕН, беше избран за претседател на Советот на Општина Чаир. Неговиот избор доаѓа по успешен изборен процес и претставува воспоставување на нова одлучувачка структура, заснована на одговорност, […]

Read more

Официјална посета во Чаир: Реджеп Алтепе во општината по победата на локалните избори

Во Општина Чаир, градоначалникот Изет Меџити го пречека г. Реджеп Алтепе, поранешен градоначалник на Големата Општина Бурса, познат по својата визија и долгогодишно искуство во урбаниот развој и локалното управување. Неговата посета претставува топла честитка по победата на локалните избори и јасна поддршка за новата насока по која се движи Чаир. За време на средбата, […]

Read more

Се формализира мандатот на Изет Меџити како градоначалник на Општина Чаир

Мандатот на Изет Мехмити е официјално потврден, со што започнува нов период на локално владеење во Општина Чаир. По тој повод, градоначалникот Меџити ја изрази својата длабока благодарност за поддршката од граѓаните, кои и овој пат ја потврдија довербата со јасен и убедлив изборен резултат. Во своето обраќање, тој нагласи дека Чаир отсекогаш бил важен […]

Read more

Почнува изградбата на модерното помошно игралиште во Чаир

Денес, под раководство на градоначалникот на Општина Чаир, г. Висар Ганиу, беше одбележан официјалниот почеток на градежните работи за изградба на помошното игралиште во рамки на стадионот на ФК Шкупи – проект со големо значење за спортот во општината, кој целосно се финансира од буџетот на Општина Чаир. На настанот присуствуваа Првиот заменик-претседател на Владата, […]

Read more

Подготвена за отворање најголемата градинка во државата – „Бамби“ во рамките на детската установа „Фидани“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска го реализираше финалниот инспекциски надзор на новоизградениот објект на детската градинка „Бамби“, која претставува составен дел на детската установа „Фидани“ – проект што ја претставува градинката со најголем капацитет на ниво на цела Северна Македонија. Објектот е целосно опремен со модерен инвентар и ентериер, согласно највисоките стандарди за […]

Read more

Општина Чаир ги прогласи Џозеф Џон Диогуарди и Шерли Клојс Диогуарди за “Почесни Граѓани”

Во атмосфера достојна за значењето на овој чин, меѓу силни аплаузи и искрени емоции, Општина Чаир организираше свечена церемонија за прогласување на г. Џозеф Џон Диогуарди и г-ѓа Шерли Клојс Диогуарди за „Почесни граѓани“ – две личности со исклучителен придонес за албанското прашање на меѓународната сцена. Настанот се одржа во присуство на Првиот заменик-претседател на […]

Read more