Градоначалникот Ганиу заедно со Претседателот Пендаровски учествуваа на Отворени денови на СУГС „Цветан Димов“

47
И денеска нашиот Чаир беше почестен, овој пат со посетата на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Заедно со претседателот, директорот Сакип Аџами, професори и ученици, учествувавме на Отворениот ден на средното училиште кое се наоѓа во општина Чаир, „Цветан Димов“. За време на настанот истакнав дека денеска не само што беа промовирани насоките на оваа образовна институција, туку се подигна и свеста кај учениците дека е многу добра работа да се учи во училиште како што е „Цветан Димов“ затоа што започнувате професионализација и подготовка за иднината многу порано. Од друга страна, на општеството му требаат здрави, добро образовани, добро еманципирани генерации.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе