Денеска ни беа на посета претставници на училишта од Франција, Турција и Бугарија кои заедно со Општинското училиште во Чаир „Јашар беј Шкупи“ го спроведуваат проектот: „Родова еднаквост, жени во напредок“ како дел од Програмата на ЕУ, Еразмус +.
Гостите ги пречека заменик-градоначалничката на општина Чаир, Сермине Пурини, која истовремено ја истакна важноста од унапредувањето на жената и нејзиното учество во суштинските процеси во нашето општество, а воедно ја истакна поддршката што градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу континуирано ја дава во оваа насока.