Ми беше посебно задоволство што денес имав можност да изразам почит кон животното искуство на постарата генерација – пензионерите. Тие се синоним на трпеливоста и мудроста во носењето на одлуки во животот, поранешни носители на важни процеси за денес нашата земја да процвета и да има поголема перспектива. Бевте токму вие, тие кои го изградија патот за успешната и сигурна иднина на помладите генерации. Пред вас се чувствувам уште млад човек, кое има потреба од совети и насоки кои секогаш кога излегуваат од вашата уста не прават посилни за да се справиме со животните бури.

Општина Чаир е максимално ангажирана за вие да ги добивате ефикасно и лесно потребните услуги. Во рамките на Административната зграда на Општина Чаир,имаме отворено канцеларија каде што вие може да се обратите секој ден за да дискутирате за вашите проблеми и маки и за да можете да упатите конкретни барања до администрацијата на Општина Чаир.