Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу го пречека на работен состанок амбасадорот на Република Франција г-дин Christian Thimonier

24

Актуелните случувања и функционирањето на единиците на локалната самоуправа се следат со голема посветеност од страна на амбасадорите на европските држави во нашата земја.

Токму, во динамиката на средбите со предводниците на дипломатијата на европските држави во нашата земја, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу го пречека на работен состанок амбасадорот на Република Франција во Македонија г-дин Christian Thimonier со кого дистурираа за актуелната ситуација на локалната самоуправа и предизвиците со кои се соочува Општина Чаир.

Градоначалникот Ганиу го извести амбасадорот за статегијата на функционирање кое новото раководство го следи и подготвеноста да се биде што е можно поефикасен во служба на граѓаните имајќи ги како главен приоритет основите на едно инклузивно општество каде секој има еднакви права.

Амбасадорот Thimonier вети максимална поддршка и подготвеност да помогне во патот кон исполнување на поставените прогресивни цели.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе