Општина Чаир во своите простории денес организираше крводарителска акција, во соработка со Институтот за трансфузиологија и Црвениот крст-Чаир.
Во оваа активност, покрај вработените во општината, беа вклучени и многу наставници од општинските училишта, како и воспитувачи на градинки, но учесници беа и граѓани кои во моментот на акцијата случајно се најдоа во просториите на Општината.
“Дарувањето крв спасува животи, затоа без двоумење Општина Чаир секогаш е дел од овие хуманитарни акции“, изјави градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.