
НАСЕЛБА СЕРАВА, АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „КЛИНСКА ЛЕСA“ СО ПОВРШИНА ОД 918 М2
Работните екипи на Општина Чаир, денеска започнаа со асфалтирање на улицата „Клинска Лесa“ во населбата Серава со површина од 918 метри квадратни. На оваа улица претходно беше поставена новата водоводна и канализациона мрежа. Ќе продолжиме со активностите за модернизација на патната инфраструктура и во другите делови на нашата општина Чаир.