Општина Чаир се солидализира со семејствата на изгорените куќи во населба Серава

На 29-тата седница на Советот на Општина Чаир, едногласно се усвои предлогот за финансиска помош за семејствата на двете изгорени куќи во населба Серава. Истотака, Општина Чаир посредува за изнаоѓање и на други донатори и апелира до сите кои имаат можност да придонесат за повторната изградба на куќите пред да започне зимскиот период.

Read more

Сензорски соби во три основни училишта на Општина Чаир

Денес на состанокот на колегиумот на Општина Чаир се одлучи во две основни училишта: Лирија и Хасан Приштина да се инсталираат сензорски соби за да се обезбедат подобри услови за учениците со пречки во развојот. Двете сензорски соби заедно со она во основното училиште “Имри Елези“ која е при крај, ќе овозможат лесен и современ […]

Read more

Во Чаир ќе се постави статуата на американскиот претседател Woodrow Wilson

На 29-тата седница, Советот на Општина Чаир едногласно ја усвои предложената точка на дневниот ред од страна на Градоначалникот Висар Ганиу за поставување на статуата на Американскиот Претседател Woodrow Wilson пред административната зграда на Општина Чаир. Ова е заедничка иницијатива на Општина Чаир, Институтот за Духовно и Културно Наследство, како и Музејот и Претседателската Библиотека […]

Read more

Се уредуваат јавните површини каде се движат граѓаните на улица “Ферид Мурад“

Општина Чаир продолжува со работниот процес за подобрување на инфраструктурата на јавните површини каде се движат граѓаните. По асфалтирањето на улица “Ферид Мурад” започна и поставувањето на бекатон плочки и нова урбана опрема: корпи за отпадоци и нови клупи.

Read more

Градоначалникот на Општина Чаир го прогласи за отворено 11-тото издание на Фолклорните Вечери на Чаршијата

Традиционалниот Фестивал “Фолклорните Вечери на Чаршијата” организиран од страна на Ансамблот “Ибе Паликуќи” по 11-ти пат приреди вистински спектакл и достоинствено го прикажа нашиот културен потенцијал. Нашето културно богатство прекрасно го претставија ансамблите од нашата земја: Ибе Паликуќи, Емин Дураку, Шќипоњат, Студио Фолклор, додека од Косово: Шамикуќе – Феризај и Ќемајл Азизи – Витина. По […]

Read more

Општина Чаир и Министерството за Економија ја започнуваат реализацијата на третата фаза на проектот за санација и адаптација на излозите на 97 дуќани во Старата Скопска Чаршија

Од Старата Скопска Чаршија, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со Министерот за Економија Крешник Бектеши и претседателот на Еснафот на Старата Скопска Чаршија Бејтула Морина го одбележаа официјално почетокот на третата фаза на многу важниот проект за конзервација, санација и адаптација на витрините на дуќаните во Старата Скопска Чаршија. Oваа фаза од проектот […]

Read more

Нови инвестиции во служба на урбанизацијата и модернизацијата на населба Серава во Чаир

Следејќи го развојот на европските општини, реализацијата на инвестициите која ќе влијае на урбанизацијата и модернизацијата на населбите во Општина Чаир е една од најголемите потреби кои ги има наметнато динамичниот живот во минатиот период. Токму денес, Градоначалникот на Општина Чаир учествуваше на церемонијата за поставување на камен темелникот за изградбата на новиот хотелски објект […]

Read more

Унапредување на еколошките механизми на ЈП “Комунална Хигиена” за почисти општини

Зајакнувањето на капацитетите на функционирање на Јавното Претпријатие “Комунална Хигиена“ е од голема важност за сите општини на Градот Скопје, а посебно за Општина Чаир бидејќи на многу поефикасен и посовремен начин ќе се реализира нашата заедничка мисија за поголема јавна чистота. Денес се промовираа новите механизми ставени на располагање на ЈП “Комунална Хигиена“ кои […]

Read more

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу го пречека високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства г-дин Ламберто Заниер

Делегацијата предводена од страна на високиот комесар на Мисијата на ОБСЕ за национални малцинства г-дин Ламберто Заниер реализираше работна средба со Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу за согледување на спроведувањето на неопходните механизми за еднакво третирање на граѓаните. Во текот на конструктивната и позитивна размена на мислења, констатираа дека почитувањето на правата на човекот […]

Read more