Денеска учествував на работната дискусија „Идна соработка меѓу општините и стопанствениците“, организирана од Македонско-германското стопанско здружение (DMWV) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) и Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС).

Во оваа прилика, организаторите ни понудија со бизнис заедницата подиум за размена на искуства и ставови за економските текови на земјата, идните предизвици на овој план, со цел да се поттикнат инвестициите во земјата и подобрување на бизнис климата. Ова беше и добра можност за мене како градоначалник да им ги претставам на стопанствениците нашите […]

Read more

Денеска ни беше чест и задоволство што Општина Чаир ја посетија студенти на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, од Факултетот за општествени науки, отсек за труд и социјална политика и јавна администрација и менаџмент со човечки ресурси.

Студентите, предводени од професорите Дитурије Исмаили, Александар Петков и Калтрина Зеколи, одблиску беа запознаени со работата и функционирањето на нашата Установа и колку таа е важна во однос на предметот на нивното студирање. Оваа посета на студентите кои имаа можност да се запознаат со работата на секој сектор посебно, беше дел од нивната семестарска пракса. […]

Read more

Денеска дадовме зелено светло за продолжување на соработката со Centre for Common Ground.

Односно потпишавме Меморандум за разбирање за втората фаза од проектот „Јакнење на издржливоста на локалните заедници на насилен екстремизам во Северна Македонија“, проект финансиран од Амбасадата на Обединетото Кралство.

Read more

Здружението на инвалиди на трудот – Чаир, денеска ми додели Благодарница во знак на благодарност за поддршката што континуирано ја даваме јас и институцијата што ја водам

Во оваа прилика со членовите на ова Здружение разговаравме за нивните социјални потреби и за продлабочувањето на соработката меѓу нашите две институции.

Read more

НОВ ПРОСТОР ЗА ПАРКИРАЊЕ ОД 1000 М2 ВО ТОПАНСКО ПОЛЕ

 ДЕНЕС екипите на општина Чаир ги завршија работите за создавање на нов паркинг простор со површина од 1000 м2. Овој нов простор кој ќе го зголеми капацитетот на паркинзите, се наоѓа во населбата Топанско Поле.  Продолжуваме со создавање на нови места за паркирање и во другите населби на Општината

Read more

Денеска се простивме од нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во Бугарија

Меѓу овие жртви се и двете ќерки на нашиот колега Џафер Мухаџери, неговата болка и на сите сограѓани кои ги загубија своите семејства е болка која длабоко ја споделуваме како општество. Нека е лесна земјата за сите жртви на оваа трагедија и нека почиваат во мир!

Read more

Во текот на денешниот ден го посетив Здружението за лица со посебни потреби „Мирсија“, при што со неговото раководство разговаравме за потребите, проблемите, тешкотиите и предизвиците на лицата со посебни потреби.

На средбата претставниците на Здружението „Мирсија“ ја презентираа својата амбициозна програма во однос на давање не само материјална помош, туку и нивните напори за морална и психолошка поддршка на лицата со попреченост. Од наша страна понудив и морална и институционална поддршка на лицата со посебни потреби и потсетив дека секогаш и во сите области сме […]

Read more

Денеска учествував во започнувањето на кампањата посветена на Европскиот зелен договор. Оваа кампања ја промовираше Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, г.Дејвид Гир.

Целта на кампањата е да се подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата главна цел – да се постигнат нула нето емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент.

Read more

Скопското муфтиство гарантира: Театарот за деца ја продолжува својата работа таму каде што е

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денеска го посети Скопското муфтиство и во оваа прилика се сретна и со муфтијата Ќенан Ефенди Исмаили, кој даде силна гаранција дека без оглед на тоа што имотите му беа вратени на муфтиството преку процесот на денационализација, Театарот за деца ќе продолжи да работи таму каде што е и […]

Read more

Општина Чаир и пожарникарите на “Бајрам Мифтари” во помош на регионите зафатени од пожарите во Старо Нагоричани

Екипата на Здружението на доброволни пожарникари „Бајрам Мифтари“ кое функционира во рамките на Општина Чаир, во раните утрински часови замина на помош на регионите зафатени од пожарите во Старо Нагоричани, Кумановската област. Нашите херои на акциите за спасување од ЗДП „Бајрам Мифтари“ веднаш одговорија на барањето на Дирекцијата за заштита и спасување за да интервенираат […]

Read more