Црквата Св. Спас

Црквата “Св. Спас” – Изградена во 17 век, до половина вкопана во земја, врз темелите на уште постара христијанска црква. Однадвор со скромен изглед, таа плени со својата внатрешност и со својот фас-цинантен дрвен иконостас. Во нејзиниот двор се погребани и останките на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Read more

Даут Пашин Амам

Даут Пашин Амам – Исламска профана архитектонска целина изградена од голе-миот везир Даут Паша во 15 век. На почетокот користена како харем на пашата, подоцна ја менува намената и станува јавно купатило. Де-неска, овој турски амам е претворен во Национална галерија на уметноста и се наоѓа на самиот јужен влез на чаршијата.

Read more

Мустафа-пашина џамија

Мустафа-пашина џамија – Изградена од Мустафа паша во 16 век, која привлекувама со својата убавина и голе-мина, со убавината на мина-рето, но и со турбето во состав на џамијата кое е погребан Мустафа паша. Неодамна реновирана, таа и денеска ја има својата верска функција, но привлекува и голем број на туристи во Скопската чаршија.

Read more

Гази Иса-бегова Џамија

Гази Иса-бегова џамија – Лоцирана во близина на Куршумли ан и Бит-пазар, спаѓа во редот на највредни културно-историски споменици од исламската архитектура во Македонија (од типот на џамии со две еднакви куполи), изградена во втората половина на 15 век.

Read more

Алаџа Џамија

Алаџа џамија – Изградена во 15 век од вториот турски намесник во Скопје, Исхак бег, лоцирана на северниот крај на чаршијата, до Бит-пазар. Во нејзиниот состав имало и имарет со општествено-религиозна содржина, а медресата во состав на оваа џамија била една од најпознатите во Румелија, како прва медреса (со библиотека) основана на просторот на некогашна […]

Read more

Камениот мост

Камениот мост – монументална градба врз реката Вардар, првично најверојатно изградена во втората половина на 15 век за време на владеењето на султанот Мурат Втори, а потоа многу пати доградувана и реновирана. Изградена од мегалитски камени блокови залиени со олово, со импозантни лакови потпрени врз столбови коишто се наоѓаат во вода. Мостот претставува влез кон […]

Read more

Црквата “Свети Великомаченик Димитриј”

Црквата “Свети Великомаченик Димитриј” – Изградена во 15 век, откако претходно била срушена од Даут паша за на нејзино место да се направи Даут-пашиниот амам. Со тробродна конструкција, таа има скромни уметнички квалитети, со галерија, певница и владички престол. Во 19 век во неа била сместена Скопската митрополија. Во нејзиниот двор се наоѓа гробот на […]

Read more

Сул Ан

Сул Ан – Оваа импресивна архитектонска целина потекнува од 15 век. Се наоѓа во централниот дел на ССЧ а денеска се користи како средиште на Академијата за ликовни уметности.

Read more

Саат Kула

Саат кула – Изградена во 16 век северно од Султан-Муратовата Хјунќар џамија, на возвишение кое доминирало врз чаршијата. Тоа е првиот јавен часовник, со четири бројчаници, во облик на саат-кула (со основа 2,5 на 2,5 метри) изграден на територијата на целото Османлиско царство. Саатот денеска не работи, бидејќи неговиот механизам е однесен на поправка пред […]

Read more